Преговорите за СЈО не одат во добар правец, вели Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека не одат во добар правец преговорите  за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и судбината на СЈО.



„Не би сакал јас како премиер и ние како држава воопшто да оставиме каков било аргумент на земјите членки кои се застапени преку премиерите на Европскиот совет или преку министрите за надворешни работи на ГАК  кои одлучуваат за прифаќање на препораката за почеток и добивање датум за преговори заради нерешавање на ова прашање“, изјави премиерот.