Ако Македонија годинава ги почне преговорите за членство во ЕУ, оптимистички би можела да стане членка на Унијата до 2025 година, но поверојатно е до 2030 година, велат експертите, објавува Радио Слободна Еропа, според која и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи очекува земјава во јуни да добие датум за преговори за членство во ЕУ.



Но, експерти од регионот со несогласувања дали Македонија може да стане членка на Унијата во 2025 или во 2030 година.

„Може да зборуваме со повеќе оптимизам за некоја агенда која нема да биде брза. Не очекувам до 2025 година кој било да влезе во ЕУ, освен Црна Гора“, вели Душан Јањиќ од Форумот за меѓуетнички односи од Србија според кој  членството на Македонија во НАТО може да ги забрза преговорите со ЕУ.

Извор: Радио Слободна Европа