Две лица се приведени откако ноќеска околу еден час по полноќ прегазиле сообраќаен полицаец на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Од МВР информираа дека А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото.
„По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица“, се вели во полицискиот дневен билтен.





