Предвремени идната есен, 45 дена пред редовните, вели Заев (ВИДЕО)

Премиерот Заев најави дека парламентарните избори во земјава ќе бидат одржани следната година, 45 дена пред редовниот рок.



Премиерот очекува стратешките цели на Владата за пристапување во ЕУ бидат решени кон средината на октомври, а кога станува збор за пристапувањето во НАТО – тоа зависи од одлуката на Шпанија.

Тој објасни дека земји како Бугарија, Хрватска или Романија, кога влегле во НАТО и ги започнале преговорите за пристапување со ЕУ, доживеале „меден месец“.

„Ова е тој период што буквално не можеме да очекуваме да го повториме во иднина и тоа се причините зошто веруваме дека треба да се одржат редовни избори“, заклучи Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека без разлика каква ќе биде одлуката за за датум за ЕУ, избори да се распишат избори, а во јануари да се формира техничка влада, која ќе ги спроведе изборите.