Омер Буњаку, предводник на „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13 ноември годинава се советници на првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, пишува „Призма“.
Биографијата на Буњаку е кратка,според „Призма“ која се повикува на биографијата добиена од Владата, дипломирал туризам и менаџмент, директор е на фудбалскиот клуб Шкупи, а покрај македонски и албански зборува и англиски и турски јазик.
Популарниот пејач Шпат Касапи од неодамна исто така влегол во кабинетот на Груби. Тој е син на експратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи, а на вицепремиерот му е советник за култура и општество.






