Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски, во интервју за емисијата „360 степени“, во контекст на лидерската средба, што ја бара ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако премиерот Ковачевски кого го нарече неискусен, одбие предвремени избори има други начини да се дојде до нив.

„Ќе разговараме за прашање за кои сметаме дека се во интерес, од перспектива на ВМРО-ДПМНЕ и од перспектива на СДСМ. Тоа е нормално седнување на лидерска средба. Мене ми е жал што Македонија има тотално политички неискусен премиер во моментов, кој не бил во политика, нема политичко искуство, ниту теоретско предзнаење за политика и не знае како функционираат овие процеси. Нормално е кога ВМРО-ДПМНЕ ќе побара лидерска средба да ги изложи своите барања, а тие се предвремени парламентарни избори и решенија во четирите клучни сектори“,
кажа Николоски.
Прашан дали ова значи делумно поразличен пристап од досега јавно презентираат, во кој се велеше дека треба да се свика лидерска на која ќе се договори датум за предвремени избори, Николовскк вели:
„Можеби ќе се договориме за датум за предвремени избори, можеби нема да се договориме. Ако се договориме за датум за предвремени избори, ќе одиме на предвремени избори, ако не се договориме, како опозиција имаме други механизми, ќе ги договориме во рамки на партијата, преку кои ќе добиеме предвремени избори. Дали се тоа протести, дали е продолжување на активната блокада во Собрание, дали се други чекори преку општините, тоа се сет на мерки кои на секоја опозиција ѝ стојат на располагање“, рече Николоски.
Повикот за лидерска средба од ВМРО-ДПМНЕ е со рок од десет дена и истекува во вторник, 10 мај.
„Сè уште мислам дека ќе има свесност до вторник и дека во текот на викендов ќе се случи таа лидерска средба, на која ќе договориме датум за предвремени избори и во четирите клучни сектори ќе почнеме да наоѓаме решенија за доброто на Македонија“, изјави Николовски, пренесува Алсат М.






