„Предупредувања“ на Мехази кон Македонците: Внимавајте со Албанците, оти Македонија е повеќе албанска, создадена е врз срцето на Илирида!

„Внимавајте сограѓани-Македонци со 20-те проценти, со Албанците! * Македонија историски е повеќе албанска отколку македонска! Таа е создадена врз срцето на Илирида!“  – пишува политичкиот аналитичар Сулејман Мехази од Тетово во својата колумна, која ја објавија информативната агенција „Журнал“ и повеќе други медиуми на албански јазик од Македонија и Балканот.



Во својата колумна со затскриени предупредувања кон Македонците „да бидат внимателни кон Албанците“, Мехази изнесува „аргументи“, во еден дел и историски фалсификати, со кои „објаснува“ зошто „Македонија им припаѓа на Албанците, а не на Македонците“.

Мехази пишува: Македонски сограѓани Апасиев, Мицкоски, Ковачевски и вие од ДУИ и од Алијансата за Албанците во власта, внимавајте, бидејќи * Македонија е повеќе албанска, отколку што е македонска! Албанските аргументи кон Македонците се неспорни! 

Внимавајте со 20-те проценти, со Албанците, бидејќи Мехмет Дерала, првиот министер на албанската држава се роди во Полог, во неговата Македонија, бидејќи мајката на Скендер бег е родена во Полог на неговата Македонија! Внимавајте со сограѓаните-Албанци, бидејќи Мустафа Шех Тетова бил секретар на Албанската Призренска лига, бидејќи Скопје било вилает на Албанците, а не на Македонците!

Внимавајте со 20-те проценти, со сограѓаните-Албанци, бидејќи славниот албанско-американски лекар Ферит Муради, добитникот на Нобеловата награда, потекнува од Пологот на Албанците, бидејќи Конгресот на албанската азбука се одржа во градот Битола на неговата * Македонија! Внимавајте со 20-те проценти, со Албанците, вие сограѓани-Македонци, Мицкоски, Апасиев, Ковачевски, вие кои се топорите кон Албанците, бидејќи државата * Македонија е создадена врз болното срце на Илирида!

Кажете ги сега Мицкоски, Ковачевски и Апасиев вашите противаргументи колку е ваша Македонија?