Како што беше најавувано, премиерот Зоран Заев денес до Собранието би требало да го испрати предлогот за новите министри во владата, а парламентот за ова ќе расправа наредната недела.
,,Не повеќе од осум министри ќе бидат сменети, верувам дека до крајот на неделата ќе можам да ги соопштам имињата на новите, но и на тие што се менуваат. Паралелно со новите министри и заменици следува и разрешување на над 20 директори на јавни институции и ќе се именуваат нови”, изјави Заев пред неколку дена по заседавањето на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.
Тој најави дека ќе има промени на раководни структури од СДСМ, но и од други, вклучително и од ДУИ.





