Предлогот на Борјан Јовановски за Делчев испровоцира низа други идеи за релокација и шаманизам

Толкувањето на желбите на убиениот Гоце Делчев од страна на новинарот Борјан Јовановски кој како некој шаман толкува какви се желбите на мртвиот револуционер предизвика низа други идеи во јавноста.



Професорката Билјана Ванковска предлага самиот Јовановски да замине во странство и да не го вознемирува револуционерот.

,,Овој па!!! А што тој не замине во пристојна земја членка на ЕУ а Гоце да го остави да почива во мир!?!”, реагира Ванковска на интерпретациите на посмртните желби на Гоце од новинарот Јовановски.

Новинарот Сашо Мацановски Трендо има иронична идеја каде треба да се постави Гоце за да подучува на тема културен натпревар меѓу народите.

,,Можеби треба Гоце да го однесеме во Брисел, до некој споменик на кралот Леополд, да му ги објаснува оние 20 милиони убиени Конгоанци како “културен натпревар”, предлага Трендо во очекување Јовановски покрај желбите на живите Македонци да почне да толкува и желби на други револуционери како Сирма Војвода или Страшо Пинџур.

,,Друго ми е забавно, не само што ги толкуваа желбите на живите Македонци (па неуспешниот референдум го преведоа како зелено светло да си го смениме името), туку сега почнаа да толкуваат желби и на мртви Македонци. Го чекаме Борјан да ни каже што денес ќе сакаа Сирма Војвода и Страшо Пинџур околу уставните измени :)”, се шегува Трендо за коментарот на Јовановски.

Реакциите на идејата на Јовановски Делчев да биде однесен во друга земја каде што според него може да се води културен натпревар се должат и на фактот што нема потреба од толување на неговите желби затоа што Гоце во својот тестамент јасно кажал дека сака да почива во независна Македонија каде неговите коски се донесени по втората светска војна од бугарските власти.

Дел од идеите на твитот на Јовановски