Предлог: По Ахмети и Заев да стане доктор на науки

Читањето книга во куќата каде што е роден Блаже Конески предизвика герила акција за доделување на почесен докторат и на премиерот Заев.



Откако Тетовскиот универзитет го направи Ахмети доктор на науки а него предходно со години го гледавме на фотографија како чита книга сега на шега се бара иста научна титула и за Заев.

Пријавата формално може да ја поднесе Нано Ружин кој предходно премиерот го предложи за Нобелова награда за мир која што се разбира не ја доби.

За да му олесни работата на Ружин според предлогот на герила акцијата ќе треба да се најдат тројца сведоци како предлогот во законот за државјанство и премиерот ќе ни стане доктор на науки.