Предлог од Москва: Киев да се преименува во – Нуланд

Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин, вели дека следниот логичен чекор во украинската крстоносна војна за испишување нова историјаа треба да биде преименување на главен град од Киев во Нуланд во чест на заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.



Ова во „Телеграма“ го напиша , пренесува ТАСС.

Повод за неговиот ироничен коментар на „Телеграм“ беше на одлуката на украинските власти улицата која го носеше имеро на советскиот космонаут и прв човек во вселената, Јуриј Гагарин во Киев да се преименува по американскиот астронаут Нил Армстронг.

„Неонацистичкиот режим, откако ја уништи историјата на својот народ, ја претвори Украина во американска колонија. Следниот чекор на украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде преименување на Киев во Нуланд (во чест на заменикот државен секретар на САД кој делеше колачиња за време на државниот удар на Мајдан во 2014 година)“, напиша Володин.
Киев ги менува имињата на повеќе улици па така поранешниот плоштад на пријателството меѓу Киев и Москва ќе биде преименуван во „Херои на Мариупол“

Според него, по државниот удар во Украина во февруари 2014 година, „режимот во Киев постојано ја препишува историјата“.

„Училиштата и универзитетите почнаа да им сугерираат на студентите дека немало Голема татковинска војна за Украина, туку Втора светска војна. Тие го заменија 9 мај со 8 мај за да биде како Запад“, напиша тој.