Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник вели дека Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел може да посредува меѓу Русија и Украина за решавање на вооружениот конфликт и покрај критиките за нејзината „катастрофална политика“ кон официјална Москва
Во интервју за „Шпигел“ амбасадорот вели дека ја разбира ситуацијата, во која Меркел не сака да го навреди актуелниот германски канцелар Олаф Шолц.
Сепак, Мелник сугерира дека Меркел сè уште има почит од рускиот претседател Владимир Путин.
Амбасадорот смета дека Меркел може да „придонесе“ кога руските власти бараат излез од кризата.
„Ангела Меркел е една од многу малку поединци кои премногу добро го познаваат Путин. Можеби дури и единствената во светот!“ – вели Мелник. Тој додаде дека ако Меркел сакала, можела да „игра одредена улога“ во одредено време.
„Таа сè уште носи огромна одговорност за нашата земја. Патем, ова ќе биде нова шанса за госпоѓа Меркел да ги исправи своите фатални грешки во односите со Русија и на тој начин да влезе во историјата“, заклучи украинскиот амбасадор.






