Министерот Крешник бектеши објави дека е даден предлог од Министерството за економија до Владата да се утврди највисока маржа која ќе биде 10 отсто за трговците на електрична енергија.
„Ова е најголемата профитна маржа која трговците ќе може да ја вкалкулираат во цената за сите тие на слободниот пазар“, рече Бектеши, пренесе Фактор.
Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, наведе тој.






