Предизборно: 116 вработувања во „Водостопанство“

И покрај тоа што законот налага да се замрзнат вработувањата во администрација во предизборен период, државната фирма „Водостопанство“ ќе вработи 116 нови лица за плата од 12.500 до 24.000 денари.



Директорот Илми Селами вели дека се работи за итни и неодложни вработувања – пренесува „Сител“ – и покрај тоа што на почетокот на предизборниот период што почна на 8 февруари,  „Водостопанство“ распиша оглас за вработување на 140 сезонски работници.

Антикорупциската комисија веќе го истражува случајот со вработувања во Агенцијата за медиуми, каде во предизборието се вработија 9 лица.

Извор: Сител