Предизборен маркетинг, или реално намалување на сметките за струја, граѓаните:Ова е предизборен поткуп

Сметките за струја ќе останат исти, односно непроменети, но само неколку месеци, по што електричната енергија повторно ќе поскапи. Намалувањето на ДДВ-то од 18% на 5% според граѓаните е обид на власта да манипулира со народот пред избори, зашто од следната година граѓаните ќе плаќаат драстично повисоки сметки за струја – објавува Алфа тв.
Граѓаните бараат реално поевтинување од неколку години за да се почувствувал бенефитот, а не вака да се залажувале додека не поминат изборите.



Ваквото поевтинување се има врска со изборите, локалните. Тоа е дефинитивно така, зашто еве гледаме дека веќе од следната година, сметките за струја ќе поскапат, а веќе таа по неа година ќе се врати на 18%. Мислам дека ако веќе државата прави за доброто на народот, треба тоа да го направи како што треба, а не тоа да биде само привремено, велат дел од граѓаните пред камерата на Алфа.

ВИДЕО.