Предан: Време е Македонија да испрати амбасадор во Софија

Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, амбасадорот на Словенија во Скопје вели дека крајно време е Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија.



„Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба и не треба да биде кој било.

Сега на оваа земја ѝ треба навистина искусен дипломат кој ќе биде во секојдневен контакт со новата влада, бидејќи ова е единствениот начин да се постигне договор и можеби ова е единствениот начин да се скрати времето. Новата бугарска влада на Петков зборува за 6 месеци“, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан, за РСЕ.

Запрашан што мисли за 6-те месеци рок то го постави бугарскиот премиер Кирил Петков, Предан вели:
Ова е прилично долго време. Јас верувам и ние сме многу заинтересирани тоа да се случи поскоро. Јас не можам да предвидам што ќе се случи. Но, само ако овој дијалог би бил навистина многу интензивен на дневна основа, само на тој начин може да се очекува резултат.

За тоа дали одговорноста за не отпочнувањето на преговорите сега целосно е на Бугарија, словенечкиот министер со одговор?

„Ние цело време зборува за дијалогот. За дијалог се потребни двајца. Мислам дека не е релевантно прашање кој е поодговорен за постигнувањето на договор или кој е помалку одговорен. Во секој случај целосно сме свесни дека ова нема да биде лесна задача, да се дојде до договор на навистина тешки прашања.

Но, ние ја гледаме шансата за договор преку различен пристап кој го најави премиерот Петков. Тоа значи дека не треба да зборуваме само за историја, бидејќи ако погледнеме сега како историската комисија работи во овие изминати две години и нема многу надеж дека ќе има некаков напредок.

Ако го смениме фокусот на целиот дијалог од историјата, идентитетот и јазикот до многу практичните области, инфраструктура, култура, медиуми, образование мислам дека тогаш имаме шанса. Ако има добар договор за овие области тогаш можеби ова ќе ја смени атмосферата и ќе има поголема взаемна доверба. Тогаш во ситуација со поголема взаемна доверба е исто така полесно да се решат такви праша како историјата. Можеби барем да се разговара за тие прашања во порелаксирана и попријателска атмосфера’ вели Предан.