Десетина илјади луѓе се дел од поворката која минува низ центарот на Скопје каде вечерва се одржува протестен Марш за чист воздух.
Учесниците на протестот #ЗеленаРеволуција, бараат ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот.
Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места. Имаат, како што изјавија на почетокот на маршот што почна пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.
Еколошките активистите очекуваат вечерва да се покаже заедништво, како што нагласија, за подобра иднина на нашите деца.
Како дел од жешките еколошки точки, демонстрантите го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Кон тоа премногу сериозно прашање, укажаа, сите влади досега се однесуваат ноншалнтно.
Маршот на граѓанските организации почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање и според најавите треба да заврши пред Владата.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2507697412835002&id=1915590235379059&sfnsn=mo&d=n&vh=e





