„Единицата Тигри има 520 припадници кои важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 проценти од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми“.
Така зборуваше, Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа во 2015 година по престрелката во кумановско „Диво насеље„ за косовската КТВ.
Во истото интервју од пред три години, запрашан дали Албанците во Македонија имаат причина да војуваат со Македонците, Хоџа одговори потврдно, но додаде дека тоа не е единствен начин, за да ги добијат своите права.
Минатата недела Џезаир Шаќири беше назначен за надворешен советник на премиерот Зоран Заев за внатрешна безбедност и за борба против радикализмот, потсетува ТВ Алфа.





