Социјалните мрежи вријат а критички настроените медиуми кон владата известуваат за утрешниот протест за поддршка на уставобранителите кои осудени за тероризам одлежуваат огромни казни.
Од друга страна провладините медиуми молчат за протестот што ќе се одржи пред владата а на кој ќе се бара слобода за луѓето осуди за наводно терористичко здружување на 27 април.
Протестот го организираат повеќе луѓе и организации од Македонија и од дијаспората а поддршка и присуство најавија речиси сите партии од таканаречениот македонски национален блок.
На протестот се очекува да бидат присутни и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидери на повеќе други партии.
Протестот ќе започне во 11 часот и на него се очекуваат голем број луѓе од цела Македонија кои треба да ги почитуваат правилата за носење маска и држење дистанца.
Утре е нашиот ден. ГОЛЕМ ДЕН! Утрешното сонце, нема да зајде! #СлободаЗаУставобранителите pic.twitter.com/ZcggEc6kjn
— Седо Перо (@sedo_pero) April 24, 2021





