Министерот за култура неколку дена пред Новата година унапреди дваесетина Албанци во Министерството.
На Фејсбук Адеми тогаш објасни дека унапредените за прв пат ги запознал кога стапил на должноста, 6 месеци претходно.
Но, според министерот, тие и покрај тоа што подолго време работеле во Миистерствот, не биле унапредувани од позицијата на која биле вработени.
„По напорите на целиот кабинет, успеавме да го комплетираме новиот систем и, во соработка со другите колеги, денес понесов одлуки за нивно унапредување во рамките на Министерството за култура“ , напиша Адеми во декември.





