„…Заслужено или со прогледување низ прсти, на Бугарија ѝ е отворена цела Европа, а таа се има фиксирано на својата опсесија да ја има Македонија и Македонците да ги убеди дека се неосвестени Бугари, пишува Нова Македонија во коментар за несфатливите потези кои ги повлекува Софија во однос на Македонија.
„Таквата бугарска ирационалност, која не се воздржува и од барања за фалсификување и бришење историски факти, од блиското и подалечното минато, од сопствената, но и од светската историја, можеби ЕУ прагматично и премолчано ја користи како алиби за својот „замор од проширување“.
(…)
„Но, Македонија пред бугарските „ анахрони неисполнети соништа за „голема држава“ од 19 век , треба порешително да ги исцрта своите црвени линии , порачува авторот на текстот,
…историско-идентитетските аргументи на Македонија ниту се измислени, ниту вештачки создадени. Таквите аргументи се наоѓаат во историските артефакти, но и во континуитетот на одредени специфики на македонското постоење, кои се провлекуваат и живеат низ вековите.
Само еден карактеристичен глас од македонската азбука, обележан со буквата Ѕ, има моќ да ја растури сета бугарска пропаганда за „измислената македонска нација“. Независно од исходот на изборите во Бугарија и новиот распоред на политичките сили, Македонија никако не смее да отстапи во какви било преговори од своето право на самоопределување и сувереност на својата национална историја и јазик.
Македонија ги има аргументот и правото со една буква да урне кула од лаги, колку и да е таа лага набилдана со стероиди, голема, моќна и дрска“.







