Пред семејната куќа на семејството Заеви во Струмица и денес имало собрани граѓани кои чекаат хуманитарна помош.
Според извори во Струмица, исто како и вчера, пред куќата каде живее лидерот на СДСМ Зоран Заев се појавиле граѓани откако им било јавено дека таму ќе се доделуваат донации односно брашно, зејтин и шеќер.
Вчера портпаролот на СДСМ заедно со синот на Заев и други членови на семејството Заеви делеа помош на свои познаници во Струмица за што Костадин Кистадинов јавно се пофали на Фејсбук.
Засега нема информација дали за дистрибуција на донациите Костадинов има дозвола од главниот кризен штаб или се работи за партиски поткуп на гласачи без дозвола од државата.
Според мерките на Владата секоја група поголема од 5 граѓани го крши законот за што следуваат сериозни санкции.
Дел од собраните граѓани велат дека никој од семејството Заеви не излегол да им каже дали и тие како и другите што биле опфатени вчера ќе добијат пакети.
Во меѓувреме, продолжува “групирањето на лица” пред куќата на Заеви, се чека за пакет + спротивно на заклучоците на Главниот штаб за справување со корона вирусот.
ПОТКУП во ТЕК ••• @DanskiJanesan @InfomaxMk @InformatorMKD @MKDmk @Makfax @TelevisionAlfa @NVesnik @opserver_mk pic.twitter.com/UcMscrNeAy
— Демир (@Trollowsky) April 5, 2020
Во врска со донациите денеска на социјалните мрежи се разви дебата со сериозни прашања
Заеви сами, вчера донираја скоро колку што донираше Република Словенија, како пријателска НАТО членка. Мицкоски донираше два телефонски повици на своја сметка за да шири лажни вести.
— Astérix (@SendvicSoVegeta) April 5, 2020





