Пред Кривичен суд ѝ избегал на затворската полиција

Лице кое утринава било спроведено до Кривичниот суд успеало да и избега на затворската полиција, дознава Курир.



Според неофицијални информации на Курир, лицето било спроведено до судот за рочиште, но најверојатно ја искористило гужвата пред Судот и избегало.

Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот.