Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека измени на Изборниот законик не се прават неколку месеци пред избори и без консензус од сите партии.
„Мислам дека без општ консензус не би требало да се влезе во таков проект и обично такви проекти не се реализираат во последните месеци од работата на Собранието, затоа што промената бара соодветни промени во моделот и во сите активности и надлежности на другите институции“, вели собранискиот спикер.
СДСМ најави дека ќе гласа за промена на Изборниот законик во делот на изборниот модел и отворени листи.
Помалите парламентарни партии бараат Македонија да биде една изборна единица и пратениците да се избираат на отворени кандидатски листи.
Против измени на Изборниот законик на неколку месеци пред избори е партијата на Али Ахмети, а ВМРО-ДПМНЕ е за мнозински изборен модел.





