ФБИ да ги провери сите 25.000 припадници на Националната гарда кои ќе бидат задолжени за чување на редот за вмере на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, на 20 јануари, побараа експерти за безбедност.
Зголемената претпазливост е од причини да не се повторат немири како оние од 6 јануари, кога пет лица беа убиени при упад на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот, јавија американски медиуми.
Американскиот секретар на Националната гарда, Рајан Мекарти изјави дека безбедносните служби се свесни за потенцијалните закани и ги предупреди командантите на единиците да бидат дополнително внимателни со приближувањето на инаугурацијата. Командантите досега не рапортирале за извесна закана.






