Пред два дена советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, јави БНТ, повикувајќи се на извори од бугарската влада.
Како што јави МИА од Софија, Чернева била во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, а целта била да се подготви претстојната посета на Петков на Скопје во јануари годинава.
Бугарскиот премиер Кирил Петков, најави дека откако новата влада во Скопје ќе положи заклетва, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски.







