Регулаторна комисија се реши за нова корекција на цената на дизелота откако тоа го стори во понеделникот.
Во однос на цените од од 03.10.2022 година, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит и изнесува 94,50 ден/литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50 ден/лит, и изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,228 ден/кг.






