Пред доаѓање на премиерот: Пожар во фотонапонската централа Осломеј (ВИДЕО)

Пред да пристигне владината делегација денеска во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“ избил пожар, јавува ТВ21.



На објавеното видео се гледа како група службеници го гледаат огнот а не го користат средството за гаснење пожар кое се гледа во кадарот, најверојатно затоа што тоа не е соодветно за гасење оган од електрични инсталации.

Причините за пожарот не се познати, и истиот е изгаснат.

Според информациите на ТВ21, се работи за пробна работа и можни се вакви дефекти.

Инаку, денеска премиерот Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски треба да го одбележат завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема.