Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција издало наредба за следење на Катица Јанева со посебни истражни мерки две недели пред да биде уапсена.
Висок извор од истрагата ја потврдува оваа информација за ТВ24.
Според телевизијата обвинителството чека материјалите од следењето да бидат декласифицирани и од наредната недела ќе и бидат дадени на увид на одбраната и на Јанева.
Во тој период кога Јанева била под ПИ-мерки ја даде својата условена оставка како шефица на СЈО, а осомничените Јовановски и Кичеец веќе беа во притвор. По отворањето на истрагата шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска тврдеше дека Јанева не е под ПИ мерки, но одлуката била донесена потоа.
Предходно откако беше притворен Боки 13 Катица Јанева имаше цели две недели да уништува докази, да влијае на сведоци а замина и на одмор во странство.






