На 24 јули 1923 година, Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишале Лозанската декларација, врз основа на која било извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и обратно на муслиманското население од Грција во Турција.



Со оваа декларација најмногу на удар беа Македонците, зашто со размената на население во голема мера е изменет националниот состав на населението во Егејска Македонија, на штета на Македонците.

Потпишувањето на Лозанската декларација следувало по конференцијата која била одржана од 20 ноември 1922 до 24 јули 1923 година. Кралството СХС не го потпишало Лозанскиот договор, туку со Турција потпишале посебен мировен договор.

Извор: Денешен