Владата склучила на 21 октомври два договори за чистење и за одржување на зградите во кои се сместени сите органи на државната управа кои заедно вредат безмалку 7,7 милиони евра, објави „Фактор.



Тендерот за чистењето го доби компанијата Серта и тој е во вредност од 263.132.929 денари (4,3 милиони евра) додека одржувањето на државните објекти им припадна на скопската компанија Бапал Благој ДООЕЛ, тендер кој тежи 208.781.734 денари (3,4 милиони евра).

Договорот е на 36 месеци, а плаќањето за чистењето Владата ќе го плаќа на месечно ниво по истекот на месецот.