Протест на ВМРО-ДПМНЕ се одвива денес на Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.
„127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
По говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред македонското Собрание протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.





