Празник за ушите: „Македонско девојче“ во изведба на јапонски дует (ВИДЕО)

Јапонскиот оперски пејач, басот Казухиро Котецу, стана познат во македонската јавност со изведбата на македонски песни, од љубовни до патриотски, но вистински празник за ушите е неговиот дует со сопранот Томоми Шимамура, со која заедно ја испеаја безвременската „Македонско девојче“ на великанот Јонче Христовски.