Денот пред големиот празник, Рождество Христово – Божик, ќе се одбележи и пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.
Кумови за прославата на Бадник се естрадниот уметник и композитор Александар Митевски и актерот Драган Спасов Дац, а здравичар е Живко Поповски Цветин.
Ќе бидат делени бадникарски гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно.
Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.








