Православните верници денеска го одбележуваат Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.



Со бадниковото гранче и посната вечера, верниците внесуваат среќа, здравје и напредок во куќата во пресрет на најсреќниот христијански празник – Божиќ.

Зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенскиот – да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Кузман шапкарев „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето и будноста покрај обредниот оган.

Поради пандемијата, ќе изостане вообичаеното масовна прослава на празникот пред верските храмови, а нема да има собири ниту пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Пограварот на МОПЦ-ОС, г.г. Стефан во Божиќното послание порача дека пандемијата покажа колку е човекот немоќен, но најстрашната пандемија, вели, е тоа што луѓето заборавија да го љубат Бога и да ги љубат луѓето.