Годинашниот празник Задушница кој се одбележува во чест на душите на починатите поминува без вообичаеата посета на гробиштата кадер со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.
Поради воведената забрана за движење посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите треба да се врши во домовите.
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Утрешниот Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.





