Тоа е последниот ден од Страсната седмица, која му претходи на Велигден, поврзан со жалоста и погребот на Исус.
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот и на оплакувањето и погребот на Исус Христос од неговата мајка Пресвета Богородица.
Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот.
Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот.
На овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.







