Правниот факултет не се оградува од професорката која сака затвор за стотина македонски новинари

Правниот факултет Јустинијан први цели 48 часа откако е објавена веста не се оградува од професорката Ана Чупеска која завчера јавно ја поддржа идејата стотина македонски новинари, претежно од Телма и Алфа, да бидат ставени во затвор.



Иако Чупеска уште во петокот јавно ја поддржала идејата на новинарот Бранко Тричковски стотина македонски новинари да бидат затворени правниот факултет Јустинијан Први молчи за скандалот со својата професорка Чупеска кој е против основните принципи врз кои со децении почива оваа високообразовна институција.

Или можеби факултетската управа која ја води деканот Сашо Георгиевски и колегите на Чупеска се согласуваат со идејата на Тричковски поддржана од Чупеска, стотина новинари и членови на ЗНМ да бидат ставени в затвор?

Повеќе детали за скандалот

Професорката Чупеска не се откажува од поддршката за апсење на новинари на Телма, Алфа и членови на ЗНМ (ФОТО)