Откако министерот Фатмир Меџити го обвини за делење дневници по основ на дежурства во 2022 и почетокот на 2023 година без потпис од тогашниот министер Беким Сали, Правниот тим на кардиохирургот Сашко Јовев денеска треба да донесе одлука дали ќе го обжали решението за неговото разрешување од директорската позиција на клиниката.
Јовев добил два понуди за работа во странство, но информираше дека сака да остане на КЛиниката на Каридиохирургија откако доби силна поддршка како од вработените така и од дел од неговите пациенти но и од јавноста.
Во изминатите две ипол години извршил 9 трансплантации како и огромен број хируршки зафати.
Актуелниот министер тоа не беше доволно за да го задржи на раководната позиција, рече дека неговата одлука е конечна и нема намера да ја преиспитува, а на Јовев му предложи да влезе во неговиот кабинет како негов советник. Најави и дека идниот директор ќе биде избран од редовите на вработените.







