Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ го објаснува коментарот на неговиот прифатен профил „Зашто Димитров е идиот“, по бојкотот на Македонија на доделувањето на Нобеловата награда на писателот Петер Хандке и вели дека не му е јасно зошто се прави проблем каде што нема.
„Не станува збор за нешто што е поврзано со нас, туку за доделување награда за книжевност која што нас не нѐ допира, ниту сме засегнати. Сметам дека со такви потези само правиме проблем таму каде што нема“, вели Богдановиќ во изјава за МКД.мк.





