Правична застапеност на беровски начин – се бараат 12 сечачи Албанци во општината со еден Албанец?!

По огласот за вработување во Гинеколошко-акушерската клиника, во кој се бараат лекари Албанци, Турци или Роми, но не и Македонци, најновиот апсурд произлезен од Законот за вработување во јавниот сектор доаѓа од Берово.



Шумско стопанство „Малешево“ бара 12 сечачи Албанци, иако во Општина Берово и според последниот (фаличен) попис од 2021 година живее само 1 (и со букви: еден) Албанец!

Од вкупно 5.850 жители, во Берово се регистрирани 5.198 Македонци, но огласот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ бара уште 11 Албанци кои во моментов ги нема во општината од крајниот исток на државата.