Правеле селфи во бура – 11 лица загинаа од гром

Најмалку 11 лица кои правеле селфи на дожд и бура загинаа, а неколку се повредени во удар на гром во градот Џаипур во северниот дел на Индија.



Жртвите биле на врв кулата во тврдината Амбер од 12 век, популарна туристичка атракција, пренесуваат тамошните медиуми.

За време на ударот на молњата, на кулата имало околу 27 лица, а некои од нив скокнале од високите ѕидови на земјата. Портпаролот на полицијата изјавил дека повеќето жртви биле млади лица.

Во неделата беа регистрирани уште девет смртни случаи од удари на гром низ индиската држава Раџастан, каде се наоѓа и Џајпур, јавуваат локалните медиуми.

Секоја година од удар на гром во Индија страдаат 2.000 лица.