Скопските моторџии го започнаа протестот против пресудата за сообраќајката кај Млечен во која пред две години животот го загуби Гоце Димитриевски, а со тешко повредена беше неговата сопруга Наташа, која го загуби и нероденото бебе.



Мото Протестот е знак на незадоволство со пресудата во која Васил Чорбаџиев доби условна казна иако во моментот на несреќата преминал преку две полни ленти и удрил во моторот на Димитриевски.