Министерството за правда не се откажало од негативното мислење за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, изјавиле од ресорот откако претходно Владата соопшти дека измените биле едногласно узвоени и испратени во Собранието, јавува МКД.мк.
„Остануваме на ставот дека предложените измени не се во согласнот со Уставот и се во спротивност со Европската конвенција за човекови права како и со принципот на владеење на правото и правната држава“, одговориле од Министерството за правда на прашање на МКД.
На 26 јануари Владата соопшти дека на седницата на 16 јануари едногласно изрази политичка волја до Собранието на Македонија да поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство.
Министерството за правда смета дека воведувањето рестриктивни мерки врз основа на „правни акти на САД и правни акти на Обединетото кралство“ е во спротивност со уставниот поредок и со суверенитетот на Македонија.






