Правда моли за поддршка на предлог Законот за амнестија

Министерството за правда неколку пати испратило дописи до координаторите на политичките партии во Собранието за да се произнеснат за новиот предлог Закон за амнестија.



„Укажуваме дека состојбата во затворите е алармантна за што укажуваат и бројните меѓународни извештаи кои се занимаваат со ова прашање, како и од страна на Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа“, се наведува во соопштението од Правда.

Со амнестијата се очекува да бидат опфатени лица кои се осудени на казна затвор до 6 месеци, како и осудените лица на кои им е изречена казна затвор над 6 месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

Од Правда ги замолуваат сите политички партии да го поддржат овој хуманитарен чин кој е од интерес за граѓаните и да го изгласаат ова законско решение.