Пратеникот Пренџов: Се гледаме на барикадите, романтичната бугарска историографија чувајте си ја дома

Пратеникот Љупчо Пренџов најави дека жестоко ќе се бори против бугаризација на Макеоднија во собранието и најави дека утре ќе биде на барикадите пред владата на протестот против францускиот предлог.



,,‼️ КАТЕГОРИЧНО сум ПРОТИВ предлогот на владата за бугаризација на македонскиот идентитет, јазик, историја и традиција.
‼️ ЖЕСТОКО ќе се борам во Собранието овој срамен предлог да не помине.
‼️ Македонската држава и народ не се, и нема да дозволиме да бидат паричка за поткусурување во балканските византиски игри.
‼️ Македонија и Македонците ниту се, ниту ќе дозволиме да бидат дрво без корен.
‼️ Македонија и сите граѓани кои живееме во неа, нема да дозволиме да бидеме “заморчиња” на великобугарската аспирација.
‼️ ”Романтичната” бугарска историографија нека си ја чуваат “за по дома”
‼️ Бараме европски вредности. Бараме фер шанса.
✅ДА ЗА ЕВРОПИЗАЦИЈА
⛔️ НЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈА

👉👉Почитувани пријатели, СЕ ГЛЕДАМЕ НА БАРИКАДИТЕ!!!
-утре 19 часот пред Влада!”, порача попладне и пратеникот од Велес.