Пратеникот Павле Богоевски поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски за кого беше објавен компромитирачки материјал дека нелегално набавувал забренети супстанци, денеска поднесе оставка.



Богоевски својата оставка ја најави на седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која требаше да се расправа за одземање на мандатот и сега актуелен пратеник Никола Груевски.

Богоевски даде и оставка од претседател на таа Комисија и рече дека оставката ќе стапи во сила откако ќе гласа за одземање на мандатот на Груевски што воедно би било и нагов последен ангаѓман во Собранието. .

Претходно, опозицијата го обвини Богоевски дека го кршел етичкиот кодекс ни е недостоен за вршење на пратеничката функција.