Пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ е мажот кој вчера физички се пресметувал со сопругата, по што таа го пријавила во полицијата во Ѓорче Петров, објави „Република“.
„На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца.
Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот“, стои во информацијата од МВР како што пренесува „Република“. „




