‼️ Да беше портпарол на СДСМ, ова можеби ќе беше и нормално.
‼️ За Претседател “на сите граѓани” е поразително, не за него, туку за сите нас.
Вака пратеникот од пратеничката група која ја води ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов реагира на вчерашното интервју на претседателот Пендаровски во кое тој ја обвинува опозицијата во обид да ја објасни катастрофалната позиција за Македонија која ја предизвика тој и владата со францускиот предлог.
,,🗣 Не може господине Пендаровски да си седнете четворица (од кои тројца никогаш не биле на избори – Ковачевски, Османи, Маричиќ) да преговарате за македонскиот идентитет, историја, јазик и култура….да не знаат ништо за тие преговори ниту граѓаните ниту пратениците, ниту институциите, и кога ќе доживеете крах на отворена сцена, да ви бидат виновни оние кои ништо не знаеле и кои сте ги држеле во “темнина”.
🗣 Обвинувањата за тоа дека некој е анти ЕУ, нема да ви помогнат да го сокриете срамот од капитулацијата која ја прифативте”, му порачува Пренџов на Пендаровски.
Пратеникот бара уште еднаш Пендаровски да го погледне неодамнешното интервју на ТВ21.
,,Можеби ќе имате причина плус да се сокрите и да молчите, а не, да обвинувате и етикетирате‼️”, пишува Пренџов до шефот на државата.
Во интервјуто Пендаровски признава дека ја манипулирал јавноста
Пендровски призна дека го гледал народот во очи и безочно го лажел (ВИДЕО)






