Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објаснува како тече работниот ден на шефот на државната Регулаторна Комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Бислимовски кој е еден од најважните фактори во овој сектор кој е во длабока криза како никогаш порано, од страна на луѓе во енергетскиот бизнис неформално и иронично се нарекува ,,принц на македонската енергетика”.
,,Предлага Финансиски план за РКЕ од рекордни 91 милион денари… го дуплира бројот на вработени, бара +5 нови вработени за 2022 година .…ќе троши 5.400 € месечно за “хонорари”…бара 450.000 денари за изнајмување на печатарски услуги…5.000 денари на ден за бифе…,
Уште еден работен ден за Бислимовски!”, пишува пратеникот Лефков за Бислимовски.
Бислимовски кој е долгогодишен член на СДСМ во пошироката јавност стана познат кога беше физички нападнат од синот на Муса Џафери чија фирма за трговија со струја со месеци должела пари на државата по што беше најавено одземање на лиценцата од РКЕ.
Фотографијата од текстот е од тој инцидент.






